Мигрантите користат диви патишта за премин кон Македонија

by Фокус

Странски медиуми кои известуваат за состојбата на границата каде се блокирани илјадници мигранти јавуваат дека голем број бегалци користејќи алтернативни патишта се упатиле кон македонска територија.

Групата тргнала напладне кон грчко село кое се наоѓа западно од Идомени. Околу 15 часот по локално време тие биле близу границата кога ги пресретнале и привеле грчки полицајци.  При приведувањето немало инциденти.

Според податоци на властите, на територија на Грција веќе има 44, 5 илјади бегалци. Поголем дел од нив 23 илјади се во северна Грција. На островите се регистрирани 10-тина илјади бегалци. На пунктот Идомени има 12 илјади. Крај Кукуш 3.5 илјади, во Поликастро околи три илјади и во Диавата има околу две илјади бегалци и мигранти.

Некои од мигрантите ја користат Сува река за да преминат на македонска територија. Таквите обиди беа кобни за тројца мигранти од Авганистан кои ги загубија животите неможејќи да се справат со водата.

Поврзани новости