Мигранти запалиле ќелија додека чекале депортација од Австрија и сакале да се самоубијат?!

by Fokus

Група мигранти, кои чекале депортација од Австрија, ја запалиле ќелијата во која се наоѓале. Неколкумина се повредени при пожарот.

Петмина Авганистанци, на возраст меѓу 18 и 33 години, и 30-годишен Ирачанец се хоспитализирани на интензивна нега.

Портпаролот на австриската полиција наведе дека истражителите нашле изгорено проштална писмо кое укажува дека можеби мигрантите извршиле обид за самоубиство.

Претпоставката, дека се обиделе да се самоубијат, ја засилува фактот што мигрантите откако избил пожарот не дозволувале никој да влезе во просторијата.

Огнот бил изгаснат за кратко време, но поради големиот чад, 40 затвореници се однесени на безбедно место.

Поврзани новости