Мигранти се тепале во Демир Капија

by Фокус 17:01
17:01

Полицијата информираше дека започнала истрага за инцидент кој се случил во Демира Капија меѓу мигрантите. Во инцидентот учествувале дваесетина и има тројца повредени од кои едниот потешко. Како што се известува при тепачката биле користени ножеви.

Во немилиот настан учествувале две групи кои по караницата започнале физички да се пресметуват. Инцидентот се случил на една од главните улици во градот. Да не прерасне во поголема трагедија интервенирало локалното население и полицијата.

- Advertisements -

Инаку во Демир Капија деновиве, како што објави Фокус, врие од мигранти кои бараат начин да транзитират низ Македонија кон европските држави. Проценка е дека неколку стотини мигранти има во градот, а локалната власт и државата немаат начин како да им помогнат.

 

Поврзани новости