МФ: Наумов прави проблеми на пазарот на капитал

by fokus 21:59
21:59

Министерството за финансии реагираше на изјавата на дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов, кој предупреди дека новото задолжување од 9.2 милиони евра е три пати повисоко од износот кој достасува за враќање.

 -Дали целата пропаганда поврзана со издавањето на државни хартии од вредност е во насока на предизвикување проблеми на пазарот на капитал во земјава, како што беше примерот со приказните за девлвација на денарот во април, кога граѓаните изгубија над 4 милиони евра поради предвереме разорочени депозити, или како писмата од страна на СДСМ при издавање на еврообврзницата што ја чинеа Македонија и граѓаните 30 милиони евраа – прашаа од Министерството за финансии.

- Advertisements -

Поврзани новости