Метеоролозите најавуваат топол ден со повремен дожд, температурата до 22 степени

by fokus

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20л/м2) проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 16 до 22 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд, кој повремено ќе биде пороен, проследен со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 7, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час). Дневните температури позначително ќе опаднат, особено во северните делови. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно со пораст на дневните температури.

Поврзани новости