МЕТЕО АНАЛИЗА: Доаѓа уште еден нов бран на врнежи

by fokus

Денес претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има магла и ниска облачност додека во текот на денов ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, кон крајот на денов и навечер повторно ќе има повремен локален дожд. Ќе започне да дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој повремено на некои места ќе засилува по интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.

Веќе утре уште рано наутро и во претпладневните часови нов бран на врнежи ќе ја зафати нашата државава и локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2) а има услови и за локална појава на грмежи. Исто така утре попладне врнежите веќе ќе бидат локални и ќе се намалуваат а ќе дува локално и повремено умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот полека ќе го менува правецот во југозападен и тоа особено на запад и на југозапад. На највисоките планински места ќе има услови за провејување на снег.

Во четврток веќе ќе имаме претежно суво време иако локално облачноста ќе се зголемува а во петок ќе има нови повремени локални врнежи од дожд и тоа особено во источната половина од државава.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на незначителен пад и максималните дневни во среда ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени додека во четврток истите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени за потоа повторно да бележат тенденција на мал пад.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости