Мета за Ковид-19: Ситуацијата оди кон катастрофа

by Fokus

Албанскиот претседател Илир Мета, во писмото до премиерот Еди Рама, министерката за здравство Огерта Манастирлиу и првиот парлааментарец, Грамоз Ручи оценува дека „ситуацијата оди кон катастрофа која треба навремено да се спречи“.

Со влошувањето на така тешката политичка и институционална криза, особено по бруталното и еднострано кршење на Договорот за изборниот законик од 5 јуни, постигнат со консензус, се очекува состојба со пандемијата да се влоши до катастрофа што мора да се спречи навреме,наведува Мета.

Тој исто така нагласува дека во овој момент е потребно целосно преиспитување на состојбата и преземените мерки.

Со оглед на значителното влошување на состојбата со пандемијата Ковид-19, со зголемувањето на бројот на заразени лица и за жал со зголемувањето на бројот на граѓани кои ги загубија своите животи, неопходна е целосна проценка на состојбата и преземените мерки во врска со тоа, имајќи го предвид и зимскиот период, како и други отежнувачки фактори, додаде Мета.

Покрај предупредувањето, Мета поставува 11 прашања до премиерот, Собранието и Министерството за здравство за состојбата и мерките што се превземаат против Ковид-19.

Во Албанија вчера како последица од Ковид-19 починаа седум лица што е највисока бројка до сега, додека бројот на новодијагностицирани дневно е во просек околу 300 или 22 отсто од тестираните.

Поврзани новости