Мета: Проектот „Голема Србија“ не успеа, а идејата за Голема Албанија е неможна

by Fokus 09:36
09:36

Албанскиот претседател Илир Мета за египетски весник „Ал – Ахрам“ изјави дека идејата за „Голема Албанија“ не е можна, додека проектот за „Голема Србија“ не успеа.

-Сите Албанци имаат заеднички проект. Тоа е обединување со Европа. Идејата за Голема Албанија не е ни најмалку можна. Проектот „Голема Србија“ не успеа. Живееме во заплеткан регион. На Балканот нема „етнички чисто“ место. Целосно лудо е да се зборуваме за експанзионистички проекти од овој аспект, изјави Мета.

- Advertisements -

Мета, меѓудругото, се задржа и на процесот на еврионтеграција, нагласувајќи дека албанските граѓани имаат еден заеднички проект, а тоа е нивно обединување во големото семејство на Евопската унија.

Додаде дека Европската унија сега не е во најдобра можна состојба, но оти реформите ќе помогнат во подобрување на процесот.

-ЕУ во моментов не е во најдобра можна состојба. Сепак, Европската унија е најдоброто претпријатие на човештвото, каде економскиот напредок се одвива паралелно со напредокот на човековите и граѓански права. Состојбата на ЕУ ќе се подобри по новите реформ, изјави Мета, пренесува тиранската телевизија Ора њуз.

Тој верува дека еден ден Западен Балкан ќе влезе во ЕУ и оти тоа е во интерес на самата ЕУ.

Тој одговори и на прашањето за односите со Грција и Турција.

-Односите на Албанија со Грција се исклучително важни, ние бевме и ќе останеме соседи. И двете сме членки на НАТО. Имаме грчко малцинство во Албанија и има голем број Албанци кои живеат во Грција. Нашата врска со Турција, исто така, е историска. Имаме големи економски интереси и двете сме членки на НАТО. Но, би сакал да појаснам дека: За Албанија е важно проблемите меѓу другите земји да не влијаат врз нас. Не е должна Албанија да ја игра улогата на арбитер во конфликти и проблеми што се случуваат во други земји, посочи Мета.

Шефот на албанската држава верува во регионалниот мир и порачува дека е многу важно да се заштити суверенитетот на народот со цел да се зачува суверенитетот на државата.вт/сд/

2019-10-26 08:08:30, од Вера Тодоровска, Тирана

Поврзани новости