Мета: Најискрено го поздравувам договорот за формирање влада на Косово

by fokus

Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави постигнатиот договор меѓу Движењето „Самоопределување“ и Демократскиот сојуз на Косово за формирање влада, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Најтопло и најискрено го поздравувам постигнувањето договор за владина коалиција на Движењето „Самоопределување“ и Демократскиот сојуз на Косово како две победнички партии на општите избори на 6 октомври 2019 година на Косово, стои во реакцијата на Мета.

Притоа, тој оценува дека стабилното управување е во интерес не само на Косово, туку и регионот.

– Стабилното управување е во интерес не само на Косово, туку и на целиот регион, наведува Мета.

Шефот на албанската држава на владата на Косово предводена од Албин Курти и посакува успеси и големи достигнувања за доброто на Косово во предизвиците што го очекуваат.

Движењето „Самоопределување и Демократски сојуз денеска соопштија дека потпишале договор за формирање заедничка влада во Приштина, која според договорот ќе има 15 министерства, од кои две ќе и припаднат на Српска листа.

Седницата на која ќе се гласа за владата е закажана за утре. МИА

Поврзани новости