Мета му порача на Рама дека ќе остане албански претседател до 2022 година

by Фокус

По речиси тричасовното испрашување во парламентарната анкетна комисија, албанскиот претседател Илир Мета порача дека институцијата претседател останува во одбрана на Уствот до 24 јули 2022 година, кога, како што рече, му завршува петгодишниот претседателски мандат.

„Многу сум среќен што се вратив во Парламентот по две години, уште еднаш да кажам дека институцијата Претседател до 24 јули 2022 година ќе биде цврст столб на одбраната на Уставот, демократијата, плурализмот, националниот и јавен интерес, со единствена цел брзо и без доцнење членство на Албанија во Европската унија“, напиша Мета на Фејсбук.

Тој се најде во оваа позиција по иницијатива на владејачките социјалисти на Еди Рама, откако Мета ги одложи изборите без учество на опозицијата предводена од Љуљзим Баша, поради тоа што, рече тој на денешното испитување, постоела опасност судирот меѓу полицијата и опозициските демонстранти да прерасне во граѓански конфликт.

Поврзани новости