Мета: Денес не е ден за славење

by fokus 11:52
11:52

Албанскиот претседател Илир Мета и премиерот Еди Рама денеска заедно отидоа на Плоштадот на независноста во албанскиот града Валона, во рамките на одбележувањето на 107-годишнината од независноста на земјата.

Мета во кусо обраќање рече дека најмногу што Албанците можат да направат овој 28 ноември е да продолжат да се залагаат за помош на семејствата кои претрпеа загуби во земјотресот што ја погоди Албанија.

- Advertising -
"

– Денес не е ден за славење, туку ден за оддавање почит на Националното знаме. Најдобра чест која што можеме да ја направиме овој 28 ноември е да продолжиме да се залагаме за лекување на раните на сите оние семејства погодени во земјотресот и кои загубија роднини, да се носат со болката, но и да гледаме во иднината со доверба за да можеме да почнеме со нормален живот, рече Мета.

Албанското Министерство за одбрана претходно соопшти дека досега во земјотресот загинале 40 лица, а најмалата жртва е тригодишно дете. Повредени се 650 луѓе.

Според спасувачките екипи, се помали се шансите под урнатините да бидат пронајдени уште преживеани луѓе.

Поврзани новости