Меси: Се пласиравме во полуфинале и тоа е импресивно

by Fokus

Аргентинскиот капитен Лионел Меси изјави оти е пресреќен од пласманот во полуфиналето на Мундијалот во Катар, откако Аргентина синоќа во драматичен натпревар ја совлада Холандија на пенали со 4-3.

„Аргентина е меѓу четирите најдобри репрезентации во светот бидејќи овие играчи покажуваат дека знаат секој натпревар да го одиграат со иста желба и ист интензитет. Пресреќен сум. Не моравме да одиме во продолжетоци или на пенали, но очигледно моравме да страдаме. Минавме и тоа е импресивно“, изјави по натпреварот Меси.

Последната пречка на Аргентина за пласман во финалето ќе биде Хрватска, која вчера на пенали го елиминираше Бразил.

„Тоа ќе биде многу тежок натпревар. Хрватска докажа дека е многу добра и видовме дека, доколку им дозволиме да играат, имаат многу добри играчи, кои умеат со топката, особено во средниот ред“, додаде Меси.

Поврзани новости