Меси потврди: Одам во Интер Мајами

by fokus

Аргентинскиот фудбалер, Лионел Меси ја продолжува кариерата во Интер од Мајами.

Тој во заедничко интервју за „Спорт“ и „Мундо Депортиво“ изјави дека кариерата ќе ја продолжи во Соединетите Американски Држави.

-Одлуката e да ја продолжам кариерата во Интер од Мајами. Сè уште не е договорено, некои работи останува да се средат, но се решив на тој чекор. Бидејќи не се согласував со Барселона, сакав да ја напуштам Европа, да не бидам во центарот на вниманието, да бидам повеќе со семејството, објасни Меси.

Меси по две години заминува од Пари Сен Жермен. Со денови се шпекулираше за негов трансфер во Ал Хилал од Саудиска Арабија, но и за враќање во Барселона.

-Сакав и бев возбуден кога станува збор за враќањето во Барселона. Но, не сакав да бидам во истата ситуација како пред две години. Сакав да ја донесам најдобрата одлука за мене и моето семејство. Ме обвинуваа за многу работи за време на мојата кариера во Барселона, што не беше точно. Слушнав дека планираат да продаваат играчи и да ги намалат платите за да ме вратат назад, објасни Аргентинецот.

За две години во Париз, Меси освои две титули, но не и Лигата на шампионите, поради што дојде во ПСЖ.

-Го напуштам ПСЖ со измешани чувства. Првата година од различни причини беше тешка. Во текот на втората година се чувствував добро во првите шест месеци. Јас и моето семејство. Потоа дојде Светското првенство, за прв пат во средината на сезоната. „Мислам дека тоа имаше многу влијание на сезоната. Очекував мојата кариера во ПСЖ да заврши поинаку. Беа две тешки години, изјави Аргентинецот.

Поврзани новости