Мерцедесот на Јанчев учествувал во сообраќајка во Кавадарци, градоначалникот не бил во возилото

by Фокус

Педесетгодишен кавадарчанец бил повреден во сообраќајка која попладнево се случила на крстосницата меѓу улицата Никола Минчев и булеварот Македонија во Кавадарци.

Како што изјавиле од СВР Велес за државната агенција МИА, во несреќата се судриле патничко возило Mерцедес, управувано од 36-годишниот Ј.Ј., и Пежо 405, управувано од педесетгодишниот Д.К.

Инаку, Мерцедесот што учествувал во сообраќајката е во сопственост на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој не бил во возилото за време на несреќата.

Поврзани новости