Мерко се сомничи за наместен тендер, Меџити за провизија во изградба на плоштадот Скендер бег, тврди Милошоски

by fokus

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на денешната расправа во Собранието за Законот за јазици обвини дека двајца градоначалници на ДУИ се осомничени од надлежните органи за злоупотреби и корупција.

Против поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е поведена постапка под сомнение дека ја злоупотребил службената положба во тендер на Општина Струга, со кој ја оштетил општината за 6.000.000 евра, рече Милошоски. Втората постапка се води против градоначалникот на Чаир, Изет Меџити за провизија во тендерот за изградба на плоштадот Скендер бег.

-Со тоа што кажувам дека Рамиз Мерко од позиција на градоначалник го злоупотребил тендерот од шест милиони евра и ги оштетил ресурските на Албанците, Македонците и Турците од Струга, не значи дека сум ги обвинил сите Албанци. Потребата на еден Албанец да склучи штетен договор со фирмата „Сити лајф“ не им оди во корист на граѓаните – рече Милошовски.

Вториот случај во кој е вмешан Меџити, Милошоски го нарече „плоштад провизија“.

-Градоначалникот Меџити зел 450.000 евра од бугарска фирма. Значи 14 отсто од тендерот оваа фирма префрлила на фирма во Дебар која нема никаква врска со изградбата на градоначалникот. Македонците, Албанците и Бошњаците од Чаир не добиле ништо од овие 450.000 евра. Критиката кон функционери кои ја злоупотребиле позицијата не значи дека е критика кон неговите гласачи. Туку укажување дека треба да размислат – им порача Милошоски на гласачите.

Според него и за двата случаи се отворени постапки во институциите.

 

Поврзани новости