Меркел вчера телефонски се слушнала со Заев и со Ципрас

by fokus

Германската канцеларка вчера телефонски разговарала со македонскиот и со грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, потврдија за ДВ од прес-службата на германската канцеларка, објави „Дојче веле“.

Од Берлин доаѓа само потврда дека канцеларката Ангела Меркел телефонски разговарала и со македонскиот и со грчкиот премиер. Темите и други детали не се соопштуваат, но разговорите се реализираат само два дена откако македонскиот премиер Заев на македонската јавност ѝ соопшти дека предлог-решението за името е „Република Илинденска Македонија“ и откако веднаш потоа стигна студениот туш од Атина преку соопштение на грчката влада – дека треба да се најде име што ќе има географска или временска одредница.

Поврзани новости