Меркел: Построги мерки и „затворање“ на земјата до 31 јануари

by Fokus

Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва соопшти дека со премиерите на сојузните држави договорила „заклучувањето“ во целата земја заради сузбивање на корона вирус да биде продолжено до 31 јануари.

Меркел, исто така, рече дека ќе има построги ограничувања на социјалните контакти и дека овие мерки ќе бидат исти како оние воведени на почетокот на пандемијата во март.

Како што рече таа, учесниците на состанокот повикале на воведување нови ограничувања на движењето во области со особено висока стапка на инфекција.

Поврзани новости