Меркел: Наредните недели ќе бидат најтешки во пандемијата

by Fokus

Канцеларката Ангела Меркел е уверена дека била добра одлуката вакцината против ковид-19 да се набави во заеднички процес преку ЕУ.

-Вирусот кој влијае на сите нас не може да биде поразен од една земја самостојно. Ниту една земја, дури ниту Германија, не би била безбедна од вирусот ако не се и нејзините пријатели и соседи, изјави Меркел.
Во неделното обраќање, Меркел процени дека трезвеноста и претпазливоста ќе се исплатат, но и дека наредните недели ќе бидат најтешки во пандемијата.

Меркел најави продолжување на рестриктивните мерки во Германија.

-Лекарите и другиот медицински персонал работат до истоштеност. Исто така, она што го слушаме за мутацијата на вирусот не ја прави загриженоста помала, туку напротив, ја прави поголема. Целта, според тоа, мора да биде намалување бројот на новозаразени, рече Меркел.

Поврзани новости