Меркел: На 30 септември искористете ја вашата шанса, имајте успешен референдум!

by fokus 12:54
12:54

Германската канцеларка Ангела Меркел, на денешната заедничка прес конференција со премиерот Зоран Заев, истакна дека се надева дека Македонија што побрзо ќе стане дел од семејството на ЕУ и НАТО.

-Зборувавме за можноста за отварање на вратите во евроатлантското семејство за Македонија. Потребно е уште многу работа, но предусловот е да имате успешен референдум. Не сакам да се мешам во вашата одлуката, но ова е историска шанса. На 30 септември не останувајте дома на тој историски ден, искористете ја вашата шанса. 30-ти септември е уште еден ден клучен за вашата иднина, рече Меркел.

- Advertisements -

Поврзани новости