Меркел и Марио Драги ќе се вакцинираат со АстраЗенека

by fokus

Германската канцеларка, Ангела Меркел и италијанскиот премиер, Марио Драги планираат да се вакцинираат со вакцината АстраЗенека, откако ЕМА во четвртокот оцени дека е безбедна.

Меркел изјави дека е спремна да ја прими АстраЗенека вакцината, иако нејзината примена е запрена на неколку дена поради згрутчување на крвта кај некои од вакцинираните лица, за што се уште нема доказ дека е последица од вакцината.

-Да, ќе се вакцинирам со АстраЗенека. Ќе го почекам мојот ред, но секако ќе го направам тоа, изјави Меркел.

И италијанскиот премиер, Марио Драги изјави дека и тој ќе се вакцинира со АстраЗенека.

-Лицата на моја возраст имаат право на вакцина и да, ќе примам АстраЗенека. Мојот син ја прими оваа ваквина во Англија, немам никакви предрасуди и сомнежи, рече Драги пред новинарите во Рим.

Поврзани новости