Меркел до Заев: Германија со задоволство ќе ве поддржи

by fokus

Канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел денеска упати честитка до претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по повод неговиот избор за премиер и формирањето на новата Влада.

Во честитката се вели дека тие решително ја поддржуваат целта на понатамошното приближување на Македонија до Европската Унија и НАТО.

„Сојузна Република Германија со задоволство ќе Ве поддржи во Вашите заложби“, пишува во честитката.

Во соопштението од Кабинетот на Заев се додава дека Маркел изразила задоволство за претстојната средба на следната Конференција за Западен Балкан на 12 јули во Трст.

Поврзани новости