Меркел била против идејата за раздвојување затоа што голем број етнички Албанци живеат во Македонија

by fokus

Германската канцеларка, Ангела Меркел, појасни денеска зошто била против идејата за раздвојување на Македонија и Албанија за време на синоќешната расправа на Самитот на ЕУ. Според Меркел подобро било да се третираат двете земји заедно, отколку да се одвојат расправите за нивно зачленување во ЕУ.

Меркел наведува дека една од причините за оваа одлука е фактот што значително голем број на етнички Албанци живеат во Мкедонија, пренесува „Политико“. Таа додава дека жали што не е донесена одлука за проширување.

„За жал не можевме да се договориме околу отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија. Многу жалам за тоа“, рече Меркел.

Идејата за раздвојување ја наметнуваа Холандија, Данска и Шпанија, кои сметаа дека Македонија треба да добие датум за почеток на преговори, но не и Албанија. Германија, Италија, Грција и Бугарија биле против раздвојување на земјите, додека Франција била против двата предлози.

Поврзани новости