Меркел бара сите земји да воведат карантин за патници од Британија

by fokus 17:09
17:09

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска побара и другите европски земји да бараат карантин за патници од земји со високо ниво на делта сојот на корона вирус, како што е Велика Британија.

– Во нашата држава, ако доаѓате од Велика Британија, мора да одите во карантин – и тоа не е случај во секоја европска земја, што би сакала да биде, истакна Меркел во Долниот дом на германскиот Парламент.

- Advertisements -

Германскиот институт за економски истражувања Ифо во неделата предупреди дека делта мутацијата може да предизвика сериозна штета на економијата поради повторниот раст на бројот на новоинфицирани.

– Делта сојот претставува сериозна закана за германската економија. Нема се да се изгуби ако бројот на заразени повторно се зголеми поради новата мутација, но економското закрепнување ќе се одложи, особено во секторите каде пандемијата веќе предизвика голема штета, како што се патувањата, рестораните и малопродажбата, нагласи шефот на институтот Ифо, Клеменс Фуест.

Делта мутацијата на Ковид-19, првпат откриена во Индија, станува глобално доминантна варијанта, предупреди минатиот петок Светската здравствена организација (СЗО).

Поврзани новости