МЕПСО треба на ЕБРД да и плати пенали од речиси 800.000 евра за нереализирани проекти

by Fokus

АД МЕПСО треба да и плати пенали на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во износ од речиси 800.000 евра заради ненавремено отпочнување на проекти за кои компанијата има земено заем од банката, во вредност од околу 50 милиони евра.

Како што посочува генералниот директор и претседател на УО на АД МЕПСО, Сашо Василевски, во интервју за МИА, е нотирано во забелешките во прелиминарниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за материјално-финасиското работење на компанијата.

– Една од побитните забелешки е дека МЕПСО треба да и плати пенали на ЕБРД заради ненавремено отпочнување на проекти за кои МЕПСО има земено заем од банката. Компанијата имаше склучено договори со ЕБРД за заем од околу 50 милиони евра за изградба на поголеми проекти кои претходниот менаџмент од неразбирливи причини не ги активирал во смисла на подготвување тендерска документација и отворање на постапки за остварување и реализација на проектите. Поради тоа дојдовме во ситуација за пенали за нереализирани проекти на ЕБРД да и плаќаме сума од околу 800.000 евра, прецизира Василевски.

Поврзани новости