Мемети: Законот за амнестија не нуди правичност

by fokus

Народниот правобранител Иџет Мемети смета дека предлог-законот за амнестија не нуди целосна правичност. Останува и нејасно како би течело спроведувањето. Според Мемети, постапката мора да се прецизира до детали и да се расчлени посебно во управна и судска постапка.

-Важен е начинот како ќе се спроведе законот за амнестија. Засега тој не е правичен и не опфаќа се што треба да биде опфатено. Одредбата за спроведување ги става затворениците во нееднаква положба, a ќе биде направено и селективно извршување, рече Мемети.

Тој бара итна промена на нацрт-законот и вели дека со моменталниот предлог за законот за амнестија, Министерството за правда има несериозен пристап кон јавноста и затворениците.

Со предлог – законот се предвидува ослободување од издржување казна затвор за приближно 700 правосилно осудени лица на затвор до 6 месеци, а за околу 3.100 лица намалување на казната за 30 насто.

Поврзани новости