Мeмети: Граѓаните имаат големи очекувања од оваа влада

by Fokus

Бројот на поплаки до Народниот правобранител се намалува, затоа што граѓаните имаат големи очекувања од новата влада и сметаат дека проблемите можат да ги решаваат и пред извршната власт, вели Народниот правобранител Иџет Мемети во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– Додека 2015 година беше најмасовна по добивање на жалби, добивме рекорден број на поплаки, односно 4200, како никогаш до тогаш. Во 2016 тој број опадна за околу 500. Оваа година уште повеќе е опаднат бројот. Во нашата институција се смета дека опаѓањето на бројките е поради две причини. Едната е по однос на потрошувачките права поради укинувањето на радиодифузната такса и некои други права, а од друга страна имаме една перцепција во институцијата дека тоа се случува поради очекувањата на граѓаните од новата извршна власт – истакна Мемети во интервјуто.

Поврзани новости