Мемеди против Алијанса и Алтернатива: Села прави коалиција со луѓето кои ги обвинуваше за сомнително финансирање

by Фокус

Двопартиската коалиција меѓу Алтернатива и ДР-ДПА не ја признаваме како реална опозиција, околу која треба да се обединат сите опозициски партии, бидејќи ова е само уште една игра од многуте предходни игри, за да и се наметнат на Албанците како обединета опозиција, соопштија од НДП на Весел Мемеди по состанокот на партиското централно претседателство.

„Ако нема можност за формирање на еден чесен и достоен опозициски политички блок, тогаш НДП е подготвена да не учествува на овие предвремени парламентарни избори. Ако Албанците навистина сакаат вистинска опозиција во Северна Македонија, тогаш овој опозициски блок во ниеден случај не може да ја заобиколи ДПА како најстара албанска партија, реформираното Движење Беса, како и Национална Демократска Преродба“, велат од НДП.

Од таму потсетуваат дека самиот Села своевремено изјавувал дека Движењето БЕСА се финансира од надвор и дека луѓето кои го предводаат ова Движење се сомнителни луѓе, но сега, како што истакнуваат од НДП, Села прави пакт со луѓето што произлегоа од оваа партија и ја формираа Алтернатива.

Поврзани новости