Мекејн: Треба поголем ангажман од САД и ЕУ во Македонија, ситуацијата е напната

by fokus

Потребен е поголем ангажман, посредување, во мошне динамичната и експлозивна состојба во Македонија. Не е во ничиј интерес да се распадне на Македонија“, коментира влијателниот републикански сенатор од сојузната држава Аризона и поранешен претседателски кандидат Џон Мекејн во разговор за српската редакција на Гласот на Америка, осврнувајќи се на состојбата во регионот.

-Загрижен сум за Македонија. Не предвидувам војна или конфликт, но велам дека напнатоста е голема и ситуацијата излегува од контрола, и бара поголем ангажман од САД, но и од ЕУ, вели Мекејн.

Сенаторот Мекејн коментира дека САД треба да изразат благодарност до земјите од Балканот, за помошта во Авганистан, но и учеството во други мисии во светот.

 

Поврзани новости