Мехмети: Синоќешната рација е уште еден доказ дека Македонија е сеуште полициска држава

by fokus

Поранешниот член на шарената револуција и актуелен неизвршен директор во одборот на директори на „Македонски телеком“, Замир Мехмети, ја критикува синоќешната акција на полицијата во ноќните локали и реагира на апсењето на сопственикот на Сектор, Огнен Узуновски.

„Чекајте малку другари ние дефинитивно НЕ се боревме за упади на вооружени специјалци по дискотеки. Тоа што се случувало синоќа низ Скопје е уште еден доказ дека Македонија сеуште е полициска држава. Ударот врз братот Ogi, е удар врз сите нас. Оги си ја стави главата во торба исто како нас и даде се од себе за конечно промените да дојдат. Излет беше отпорашкото место каде се спремаа сите балони, пушки со боја и се пишуваа платната. Синоќа сте го привеле без срам и без перде.
Ова не смее да помине така. Поддршка до небо за братот Оги. Ако сте решени да апсите луѓе што се борат против кичот, тогаш бујрум уапсете ме и мене“, напиша Замир на својот фејсбук профил.

Од Министерството за внатрешни работи се уште нема официјална информација за синоќешната ракција иако „Фокус“ се обрати со прашања во раните утрински часови.

Поврзани новости