Мехмедовиќ: Кичевчанецот е тестиран за мајмунски сипаници, до вечер ќе се знае се!

by Fokus

Лицето од Кичево денеска е тестирано од мајмунски сипаници и во моментов е во изолација, потврди за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

-Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од страна на Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот, додаде Мехмедовиќ.

Ова беше првиот пациент кај кого постоеше сомневање дека е заразен со мајмунски сипаници, но тој одбиваше да се тестира.

Поврзани новости