Механџиски: Има многу повеќе скандали за Ден Дончев, да не отвораме

by Фокус

Сопственикот на веледрогеријата „Зегин“, Благоја Механџиски, во интервју за „Трилинг“ изјави дека поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев му направил, како што рече, многу големо зло на македонското здравство

-Малку се тие скандали што му ги извадија на Ден Дончев, има многу повеќе, да не отвораме. Тој човек дојде од Австралија во Македонија да се збогати. Не знам кој го штити, но го знам многу добро. Тој беше компромитиран и претходно. Кога бил тој на страната на македонската здравствена потреба? Никојпат. Најпромашена инвестија за ФЗОМ беше Ден Дончев. Не знам каде е сега и не ме интересира, само знам дека направи многу големо зло на македонското здравство. Тој човек немаше квалитети да го води македонското здравство. Многу добра услуга направи што си отиде од здравството – рече Механџиски.

Поврзани новости