Меѓународен мониторинг на судски случаи е криминал, вели Тортевски

by fokus

Меѓународниот мониторинг на дел од судските предмети што го најавија лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши е криминал, вели долгогодишниот адвокат, Александар Тортевски за Фокус.

Договорот на Заев и Гаши е негирање на правосудниот систем, вели Најчевска

Тортевски не додаде ништо друго на прашањето колку тоа е возможно да се реализира и што би значело за судските пресуди за предметите „Монструм“, „Диво насеље“, „Алфа“ и за малиот Алмир. Само кратко ни одговори: „Тоа е криминал“.

“Меѓународна истрага за правосилни пресуди е невозможна”

Најавата за ангажирање на меѓународни експерти на барање на Алтернатива за да се испитаат овие, за нив спорни, случаи, како услов за влез на партијата во влада, наиде на остри реакции во стручната јавност, а дел од правосудните институции порачаа дека мора да се почитуваат домашните закони кои јасно пропишуваат кој поништува пресуди.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости