Меѓуетнички инциденти најчесто се случуваат пред избори

by fokus

Според извештајот на Хелсиншки комитет и ОБСЕ во кој има податоци од последните три години, тепачките во автобуси, во училишни дворови, како и протести со етничка позадина, често се случуваат во период пред да се одржат избори. Овој извештај беше презентиран денеска  по повод  22 јули, Европски ден на жртвите од криминал од омраза.

-Политичките партии во борбата за освојување на гласови, и од македонска, и од албанска страна, намерно испирираат и иницираат вакви кривични дела од омраза, за потоа да можат да се прикажат како заштитници на својот народ, односно на својата етничка заедница, како и за време на протести, вели Воислав Стојановски од Хелсиншки комитет.

Во последните три години имало 284 случаи и над 1200 жртви на вакви кривични дела, а како најмала жртва е десетгодишно дете, додека поголемиот дел од жртвите најчесто се млади на возраст од 14-21 година.

 

Поврзани новости