Медумите во Танзанија откриваат детали за смртта на охриѓанката Маја Јанеска

by fokus

Голем број на медиуми во Танзанија објавија за смртта на македонската инфлуенсерка и мејкап артист, Маја Јанеска (39), позната како Маја Миа.

Охриѓанката која долги години години живеела во Танзија, околу две години била во врска со популарниот музичар Оми Димпоз. За време на свој настап во локалот Фиеста, завчера тој од публиката побарал неколкуминутен молк, во чест на Маја.

-Додека настапуваше во Фиеста, Димпоз замоли за малку тишина, во чест на Маја Миа. За оние кои се прашуваа која е Маја, таа беше мејкап артист од Македонија, родена во Охрид. Се грижеше за шминката на многу артисти за време на снимање на музички записи, филмови и настани. Исто така, таа за прв пат се појави на Јутјуб во 2012 година, со свое видео во кое подучува како правилно да се шминкате, и доби многу следбеници.

Многу беше популарна и на Инстаграм. Извршила самоубиство со пиштол, а причината се уште не е позната – објавија повеќе танзаниски медиуми.

Исто така, тамошните медиуми пишуваат дека пред врската со музичарот Димпоз, таа две години била во врска со популарниот комичар Идриз Султан.

Неодамна, за време на својата посета во Македонија, Јанеска објави фотографии со повеќе политичари, помеѓу кои Бујар Османи и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

Бизнисменот Сефер Цаноски пак, вчера објави дека му била школска другарка, која помогнала Македонија да биде признаена од Јужна Африка и имала голема желба таму да се отвори македонска амбасада.

Вики Клинчарова

Поврзани новости