Медиумите го срушиле дилот меѓу Субрата и контроверзниот Султан од Брунеи?

by Фокус

hСубрата Рој во петокот ги информирал индиските судии дека за малку ќе пропаднеле преговорите со Султанот од Брунеи за пордажба на трите хотели бидејќи информацијата излегла во јавност, јавуваат индиските медиуми и информираат дека токму затоа индискиот тајкун побарал уште две недели за да ги продаде овие недвижнини.

Пред три недели британските медиуми јавија дека контроверзниот Султан од Брунеи е најсериозниот кандидат да ги купи хотелите на Субрата. Султанот на оваа островска земја во југоисточна Азија наводно понудил 2,2 милијарди долари за „Дрим“ и за „Плаза“ во Њујорк и за „Гросвенор хаус“ во главниот град на Велика Британија.

Откако се раширила веста се случиле масовни протести пред хотелите на Субрата во Лондон и во Њујорк, бидејќи султанот е познат како суров диктатор кој се  „прослави“ со законите што предвидуваат каменување до смрт за хомосексуалците и за прељубниците.

Веднаш потоа портпаролот од Брунеи ги отфрли информациите дека султанот сакал да ги купи трите хотели.

Индискиот суд денеска му дозволи на Субрата да преговара уште две недели, меѓутоа, како што јавуваат тамошните медиуми, ова е последното продолжување на рокот. Ако Рој ги финализира продажбите ќе собере пари за да ја плати сумата која му ја побарува тамошната Комисија за хартии од вредност и ќе излезе од притвор.

Поврзани новости