Медицинска сестра од Велес заработи кривична пријава за несовесно работење

by fokus

Против 35-годишна медицинска сестра од Велес е поднесена кривична пријава под сомнение дека на Медицински центар – Велес му нанела штета во износ од 8.000 евра. Осомничената М.К. се товари за кривичните дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“.

„Од 24.04. до 15.08. годинава, пријавената, како медицинска сестра на интерно одделение во болницата во Велес, преку нејзиното корисничко име за влез во компјутерската евиденција за раздолжување со лекарства и други медицински материјали, извршила преправка во компјутерската евиденција од болничката аптека и во задолжението со медицинските материјали, кај пет пациенти. При тоа, пријавената, преку нејзиното корисничко име за влез во компјутерската евиденција, раздолжила лекарства и други медицински материјали  во вредност од 499.189 денари“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости