Медицинска сестра од Охрид која ја изгуби битката со Ковид-19: Им беше омилена на вработените и на пациентите!

by Fokus 13:49
13:49

Медицинската сестра Дијана Димоска, вработена во ЈЗУ Општа болница Охрид ја изгуби битката со корона вирусот. Последен поздрав до 48-годишната здравствена работничка упатија нејзините колеги на официјалната страница на болницата, порачувајќи дека никогаш нема да ја заборават сестрата која им била омилена на вработените и на пациентите кои доаѓале во болницата.

-Денес Општа Болница Охрид тагува. Нашата медицинска сестра Дијана Димоска родена на 29.9.1971 година во Загреб, ја загуби битката со подмолниот вирус Ковид- 19. Својот професионален ангажман го започна во 1993 година на одделот ОРЛ, потоа во невропсхијатриски оддел, а последните години беше дел од тимот во одделението за интерни болести. Нејзината прерана смрт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас. Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај пациентите и кај вработените. Почивај во мир драга сестра Дијана. Твојот ведар лик вечно ќе остане во нашите сеќавања. Со длабока почит Вработените од ЈЗУ Општа Болница Охрид- објавено е на страницата на болницата денес.

- Advertising -

Во Охрид од почетокот на пандемијата се инфицираа 418 лица, а според вчерашните податоци на Министерство за здравство, од вчерашниот ден, активни се 46 случаи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости