Меџити: Според сите индикатори Албанците ќе бидат над 25%

by fokus

Според сите индикатори Албанците ќе бидат над 25 отсто, изјави координаторот на пратеничката група и потпретседател на ДУИ Изет Меџити и порача дека нема потреба од дилеми за бројноста на Албанците.

-Спорец бројот на ученици, по наталитетот и по многу фактори Албанците ќе бидат над 25 отсто. Сите индикатори говорат дека Албанците се нешто повеќе од тоа што биле на последниот попис. Нема потреба од такви дилеми. Пописот е статистичка операција, значи треба да се утврди бројката во нашата држава и тоа е добро за наредните стратегии и развој, да имаме точна бројка, рече Меџити.

Тој и порача на опозицијата ако може да придонесе за подобрување на Законот или во неговата практична имплементација.

Поврзани новости