Меџити не се откажува од интерпелацијата за Груби

by fokus

Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити, вели дека нема да се откаже од интерпелација против првиот вицепремиер и негов сопартиец, Артан Груби.

-Ќе продолжам во парламентот да ги поддржувам и да ги критикувам таму каде што грешат. Опцијата за интерпелација останува, вели Меџити за Алсат М ТВ.

Ваквата изјава на Меџити доаѓа по вчерашниот состанок на Централното претседателство на ДУИ по кој лидерот Али Ахмети порача дека се разјаснети сите разлики и дека партијата е обединета.

Поврзани новости