Мед и путер за Моника Белучи во Белград

by fokus

Италијанската актерка и една од најубавите жени во светот, Моника Белучи, утре доаѓа во Белград, соседна Србија.

Причината за нејзината посета на нашите соседи е отворањето на „Фест“ каде што Моника ќе биде во друштво на познатиот режисер Емир Костурица, чија што главна ѕвезда е во неговиот филм „На млечниот пат“.

Како што известуваат српските медиуми, Моника била доста скромна во своите барања, за време на престојот во Белград. Не и било важно во кој хотел ќе биде сместена, единствено инсистирала да биде во близина на центарот ,,Сава’’ каде што ќе се одржи премиерата, а не била пребирлива и кога е храната во прашање.

На организаторите им кажала дека утрото го започнува со шоља чај, и мед и путер.

Во знак на добредојде, тие ќе ја пречекале со апартман полн со цвеќе.

Убавицата во Белград ќе остане само еден ден. Во сабота таа ќе замине од Србија, поради многуте работни ангажмани кои што ја чекале.

Вики Клинчарова

Поврзани новости