Мечот со Косово по цена од 300 и 400 денари

by fokus

Влезниците за мечот меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и на Косово во полуфиналето во Лигата на нации ќе почне во понеделник. Место на северната и на јужната трибина ќе чини 300, односно, 400 денари и ќе може да се резервира преку продажната мрежа на „МК Тикетс“.

Едно лице, според препораките на МВР, ќе може да купи еден билет за мечот на 26 март (20.45 ч.) на арената „Тоше Проески“ кој е прогласен за високоризичен. Билетите ќе бидат персонализирани, со име и презиме и број на лична карта.

Западната трибина е резервирана за македонските навивачки групи кои најавија обединување за македонско-косовската фудбалска пресметка, а за гостинските фанови е планиран седум отсто од капацитетот на стадионот и тие ќе бидат сместени на „Исток“.

Фото – ФФМ

Поврзани новости