Ме викаат Ванчо, ама за публиката сум Анета Молика!

by fokus

Фолк пејачката Анета Мицевска, позната во јавноста како Анета Молика, која долги години наназад е вокалистка на битолската група Молика, имала несекојдневен прекар.
Иако за публиката е Анета Молика, таа во емисијата ,,Фолк парада” откри дека за најблиските е Ванчо.

-Молика ми е главниот прекар по кој ме познаваат сите, но мене ме викаат Ванчо. Тоа ми е прекар за потесниот круг, за најблиските. Го добив така што за време на една свадба, додека ме најавуваа, наместо Анета, ме најавија како Ванета.
Па така почна од Ванета, Ване, и на крајот Ванчо – раскажа Мицевска.

Пејачката е присутна на сцената уште од своите 14 години, во брак е со фронтменот на групата, Џими Мицевски, а наскоро по пауза од три години ја најавија својата турнеја во Австралија.
Ќе гостуваат во поголемите австралиски градови од почетокот на октомври, па се до крајот на месец ноември.

Вики Клинчарова

Поврзани новости