Маж починал на клупа пред Градската болница „Св. Наум Охридски“

by Fokus

Шеесет и шест годишен маж од битолско починал вчера утрината на клупите пред Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, информираа од МВР.

Според полицијата, се работи за 66-годишниот М.Ц. кој  утрото околу 9 часот и 40 минути бил пронајден починал на клупите пред болницата.

Телото на починатиот е предадено на обдукција, по што се очекува да бидат познати причините за смртта.

Поврзани новости