Матурант силувал 16-годишно девојче на стадионот во Виница

by fokus

Приведен е 18-годишник од Виница под сомнение дека извршил кривично дело „силување“ над 16 годишна малолетничка. Според полицијата, осомничениот У.Ќ. го силувал девојчето на градскиот стадион во Виница, откако одбила да му ја исполни желбата да не заминува во Германија.

Настанот се случил за време на одморот во средното училиште. У.Ќ. насилно ја однел кај стадионот и побарал да остане во Виница со него, и да не оди во Германија. Откако малолетничката се спротивставила, истиот и ги врзал рацете, нозете и устата со фластер, по што го извршил кривичното дело, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кочани. По наредба на Јавен обвинител, У.Ќ. бил лишен од слобода и задржан во ПС-Виница. По целосно расчистување и документирање на случајот, од МВР велат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости