Матичните лекари ќе добиваат по 30 денари за пациент, ако се вакцинираат над 70 отсто од нивните пациенти

by Fokus

Истражувавме и изминативе два-три дена и ќе предложиме една нова мерка до Владата, а тоа е посебна стимулација за матичните лекари, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Односно, матичните лекари да бидат финансиски стимулирани кога ќе надминат 70 проценти на вакцинација од вкупниот број на прикрепени пациенти, поточно да бидат наградени со 30 денари по пациент од вкупниот број пациенти кои се запишани кај нив.

Има уште некои аспекти кои тука треба да се разгледаат, но мислам дека тоа е предлогот со кој ќе настапиме во вторник пред Влада, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во однос на новиот сој, потенцира, сега е се уште рано да се каже точно, станува збор за нова мутација на вирусот „Омикрон” која има бројни мутации посебно во делот на спајкот и сега тука е сомнежот дека можно е да е потрансмисибилен отколку сите досегашни мутации.

– Меѓутоа, ние имавме и многу други мутации кои не се проширија досега. Имаше и оние други сценарија – делта сојот кој навистина секаде се прошири. Ќе ги разгледуваме сите овие работи во понеделник на состанок на Комисијата за заразни болести,најави Филипче.

Поврзани новости