Мастилото се чисти со обична влажна марамица

by Фокус 09:43
09:43

Новитет на овие избори беше тоа што гласачите ќе се бележат со видливо мастило. На гласачкото место со маркер ќе им се обележува палецот на десната рака и тоа на коренот од ноктот.

Најавено беше дека трагата од мастилото ќе трае 24 часа и оти нема да може да се избрише со ацетон или со алкохол, меѓутоа мастилото се вади дури и со помош на обична влажна марамица. Барем така стојат работите со мастилото кое го користат на едно од гласачките места во скопската Општина Бутел.

- Advertisements -

Палецот на фотографијата е избришан дури 45 минути по гласање со обична влажна марамица која може да се купи во секоја продавница.

Ваков случај пријaвиjа и граѓани од скопско Тафталиџе. Тие гласале во училиштето „Војдан Чернодрински“ и случајот го пријавиле во канцеларијата Народниот правобранител на бројот – 0800 54321 каде се пријавуваат повреди на гласачкото право.

На овој начин требаше да се спречи граѓанинот кој гласал, пак да се појави на избирачко место.

„Фокус“ во текот на денот ќе бара одговор од ДИК зошто ова се случува.

Поврзани новости