Масовен протест во понеделник од 19 часот пред СЈО

by Фокус

Откако Уставниот суд не го испотичува рокот што им го зададоа за да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, претставниците на Шарената револуција повикаа на масовен протест во понеденик, со почеток од 19 часот пред СЈО.

„На оваа корумпирана и криминална власт и дадовме и повеќе од доволно време да реагира и да ги слушне нашите барања. Тие се глуви пред своите граѓани. Единственото нешто на што тие мислат е како побрзо да избегаат од правдата. СЈО е првата светлост во оваа правна темнина во која живееме, а власта го кочеше уште пред да биде формирано. После денешната одлука на Уставниот суд да не го стави СЈО на дневен ред ниту за следната своја седница, очигледно е дека Груевски и неговите соработници се обидуваат да го укинат СЈО кога најмалку ќе очекуваме“, велат демонстрантите.

Поврзани новости