Масовен грабеж во Чикаго, уапсени повеќе од 100 лица

by fokus

Стотици луѓе денеска „го нападнаа„ трговскиот дел на Чикаго, каде се сместени голем број брендирани продавници, хотели, ретсорани и луксузни бутици, каде кршеа прозорци, ограбуваа продавници, конфонтирајќи се со полицијата, а во еден момент дури и иницираа престрелка со силите на редот, соопштија локалните власти.

Повеќе од 100 лица беа уапсени заклучно со 9 часот изутрина, по локално време, соопштиначалникот во чикашката полиција Дејвид Браун. Тринаесет полицајци се повредени за време на немирите, меѓу кои и еден наредник кој бил погоден од шише. Еден цивил и еден припадник на приватно обезбедување се повредени од огнено оружје.

Началникот Браун оцени дека станува збор за „чист криминал“, а градоначалничката Лори Лајтфут нагласи дека инцидентот се разликува од „оправданиот бунт“ по смртта на Џорџ Флојд, кој беше убиен од страна на полицијата на 25 мај.

– Ова не беше организиран протест. Ова беше чист криминал“, рече Браун на прес конференцијата. – За тоа не може да има некакво оправдување, дополни градоначалничката Лајтфут.

Во немирите повредени се најмалку 13 полицајци. На околу 400 полицајци им биле потребни околу четири часа да ја стават ситуацијата под контрола, при што се приведени околу 100 лица.

Поврзани новости