Маск: Сите луѓе треба да бидат чипирани

by Фокус 09:53
09:53

Шефот на SpaceX и Tesla, Елон Маск, смета дека сите луѓе на планетата треба да бидат чипирани со посебен чип во главата.

Тој го изрази ова мислење во напис за кинеското списание China Cyberspace. Во текстот, тој објасни, меѓу другото, зошто луѓето треба да се чипираат со помош на неговиот стартап Neuralink.

Преводот на статијата го објави Јанг Лиу, дописник на кинеската државна новинска агенција Ксинхуа, на неговиот блог.

„Neuralink се фокусира на развој на технологии за спојување на компјутерите и човечкиот мозок преку мозочни чипови со големина на монети слични на преносливи уреди како што се паметните телефони“, напиша милијардерот.

Наведено е дека чиповите Nueralink мора да бидат вградени во церебралниот кортекс на корисникот.

Според Маск, чипот ќе им помогне на лицата со попреченост – ја враќа моторната функција на екстремитетите кај луѓето со повреди на рбетот и нарушувања на нервниот систем, а исто така ќе им овозможи на парализираните луѓе да го користат мозокот за работа со компјутери и паметни телефони.

Маск заклучува дека технологиите на неговите компании Tesla, SpaceX и Neuralink заедно можат да „помогнат да се постигне подобра иднина за човештвото“.

Во април минатата година, Маск се пофали со најголемото достигнување на неговата компанија Neuralink до сега – успешен експеримент со мајмун со чип вграден во неговиот мозок, кој може да игра одредена игра само со моќта на својата мисла.

Поврзани новости