Илон Маск започна ново истражување за враќање на суспендираните профили на Твитер, користејќи го истиот метод како и во случајот со поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Дали Твитер треба да понуди сеопфатна амнестија за укинати профили, под услов корисниците да не го прекршат законот и да се вклучат во скандалозен „спам“? Да/Не“, беше прашањето на кое требаше да одговорат корисниците на Твитер.
Пет часа подоцна пристигнаа одговорите на околу два милиони корисници, со огромно мнозинство гласајќи „ЗА“, односно повторно активирање на укинатите профили.
Маск, новиот сопственик на Твитер, откако анкетата за Трамп покажа дека над 50 отсто гласале за обновување на сметката на поранешниот претседател, во саботата го врати неговиот профил, кој беше суспендиран по минатогодишниот напад на американскиот Капитол.